Граѓаните на Сјеница се бесни и вознемирени поради трагедијата која им го зави местото во црно, каде за кратко време се случија две страшни сообраќајки, при што последната која ја предизвика младиот Џенан Корач, одзема невини животи.
– Бевме шокирани кога слушнавме што се случило, ова е голема трагедија за нашето место. Не го познавам младото момче лично, но слушнав дека не е прв пат да направи сообраќајка поради толку брзо возење, само што овој пат тројца од нив го загубија животот, голема тага – вели еден од граѓаните на Сјеница.
Да потсетиме, Корач пред само два месеци направил сообраќајка кога удрил во три возила наводно на истото место каде што вчера се случи сударот во кој загинаа татко и најмалата ќерка. Имено, тој на 30 мај удрил во возила и урнал бандера, но тогаш немало жртви. За жал, животи однесе вчерашната несреќа, кога загинаа и две лица, таткото и ќерката на семејството Фехратовиќ.
По оваа сообраќајка, која ги крена на нозе граѓаните на Сјеница, но и целата јавност, поради неодговорното и брзо возење на младото момче, од синоќа масовно го споделуваат Инстаграм профилот на Џенан, кој ја предизвика несреќата, со оглед на тоа дека во описот на неговиот профил има застрашувачка порака:
– Ако еден ден ме убие брзината, не плачете, затоа што јас се смеев! – стои во пораката на Инстаграм профилот на Корач која што ја споделуваат граѓаните на Сјеница, барајќи правда за семејството Фехратовиќ кога двајца негови членови ги загубија животите како последица на страотен судар со автомобил „мерцедес“ управуван од Кораќ.
Инаку, семејството Фехратовиќ било во вториот автомобил „ауди“ кој учествувал во судирот, а како што пренесуваат тамошните медиуми, мајката и постарата ќерка од тоа возило биле итно пренесени во Белград, додека за жал таткото и помладото девојче загинале како како резултат на нивните повреди.