Со попуштањето на студот и со заминувањето на зимата, така попушти и цената на пелетите, нудејќи им можност на потрошувачите да заштедат на ова популарно средство за греење.

Во последниот извештај се наведува дека цената на пелетите во февруари значително опаднала во споредба со јануари, достигнувајќи цени меѓу 13.000 и 17.000 денари по тон. (од 185 до 242 денари по вреќа)

Производството на пелети во Македонија е во пораст, благодарение на зголемената побарувачка на домашниот и странскиот пазар.

Производителите инвестираат во нови капацитети и технологии за да ги задоволат растечките потреби, а како што дознаваме од прва рака, првите овогодишни намалувања на цените започнаа уште во јануари.