Еден од најдобрите и најпознатите македонски актери, Тони Михајловски попладнево на социјалните мрежи сподели тажна објава.

Михајловски објави дека починал неговиот татко, а погребот ќе биде утре на градските гробишта во Куманово.

– Почивај во мир Татко. Мирен и светол пат. Господ нека ти ги прости гревовите и нека те прими во царството небесно. Погребот е утре во 13ч на градските гробишта во Куманово, објави Михајловски.