Под зградата на Вишиот суд во Подгорица откриен е тунел кој води до стан лоциран спроти зградата на судот. Министерот за внатрешни работи Филип Аџиќ посочува дека акцијата е добро организирана и се подготвувала со месеци.
Претседателот на судот Борис Савиќ наведува дека димензиите на тунелот покажуваат дека на него се работело долго и дека најверојатно било планирано бегство. Савиќ ги демантираше информациите дека нешто било украдено од депото во кое само во последните две години биле складирани девет и пол тони разни видови дрога.
– Во депото најдовме поместени предмети. Направен е попис, речиси ништо не фали, тоа го видовме. Утврдено е дека предметите биле претресени. Не се точни информациите дека нешто е украдено – изјави Савиќ. Тој посочи и дека немањето на некои предмети нема да предизвика непоправлива штета бидејќи доказите се веќе вештачени.
– Најдовме отвор на добро скриено место. Станува збор за отвор за тунел што треба да се гради долго време. Димензиите покажуваат дека тоа е нешто што е направено во подолг временски период – изјави Савиќ. Тој посочи дека имаат право да мислат дека целта е лесен пристап до судот и лесен пристап до депото.
– Оној што го работеше тој тунел имал намера да дојде во близина на собата за задржување. Тоа беше лесно да се забележи – истакна Савиќ.
Тој нагласи и дека не верува оти цел била дрогата во депото и дека се прегледуваат снимките од камерите. Савиќ се сомнева дека тунелот бил ископан со цел да се обиде некој да избега.
– Неверојатно е дека ова е направено за да се украдат веќе измислени докази. Пореално ми е дека можеби е обид за бегство или можеби подобро сценарио – изјави Савиќ.