Али Ахмети, лидерот на ДУИ, се потсети дека на 1 јули пред 37 години побегнал од Приштина во Швајцарија и објави своевремена фотографија од деновите како активист.

„На денешен датум, пред 37 години, по две апсења, бев принуден да избегам од тајните служби во Приштина и за прв пат пребегав во Швајцарија.

Беше празник. Почнав од базата каде беа сокриени Реџеп Мала и Нухи Бериша. Дамата на куќата, храбра и патриотка, ни донесе десерт за да го одбележиме празникот. Во раните утрински часови заминав за да избегнам трето апсење.

Демонстрациите од 1981 година, пред точно 40 години, служеа како катализатор на промените во поранешна Југославија, што резултираше во три ослободителни војни, мировен договор, независност на Косово и еднаквост на Албанците во Северна Македонија и членство во НАТО“, напиша Ахмети на Фејсбук.