Голем пожар избувна во фабрика за преработка на млеко во тетовско Камењане, јавува Алсат.

Фабриката гори веќе два часа, додека пожарникарите продолжуваат да се борат со пожарот, но се уште не успеале да го локализираат.

Се уште не се познати причините за пожарот, но според неофицијални информации се сомнева дека е електричната инсталација.