Охридската полиција денес поднесе кривична пријава против, поранешниот државен правобранител, Агрон Речи од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно претставување“. Тој иако од 10.11.2020, Речи бил именуван за правобранител за подрачјето на Охрид, и натаму се претставувал како адвокат.
„Пред надлежниот Основен суд Охрид во три наврати и тоа во предмет лажно се претставил како адвокат и застапувал странки во постапки пред надлежниот суд, прикривајќи го фактот дека адвокатската дејност му е во мирување, а со цел да прибави за себе противправна имотна корист и на тој начин го сторил кривичното дело“, велат од СВР Охрид.
На 10 Ноември 2020 година со Одлука на Владата на РСМ е именуван за Државен Правобранител за подрачје на Охрид, додека од 18.04.2023 година именуван е за Државен Правобранител на Република Северна Македонија.Но со доаѓање на новата Влада на ВМРО ДПМНЕ и Вреди, Речи во август годинава поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Тврдеше дека се повлекува од лични причини и дека достоинствено се соочил со сите предизвици кои се појавиле во поглед на правната заштита на имотните права и интереси на државата.
„Државното правобранителство, вклучувајќи ме и мене како носител на шефовската функција, чесно и доблесно ги извршуваше своите законски овластувања и обврски во поглед на застапување на државните и јавните органи, без во ниту една ситуација да наоѓа алтернативи и механизми за избегнување на одговорностите“, се велеше во оставката на Агрон Речи на 12.08.2024.
Додека беше на функцијата Државен правобранител, во пожар до темел изгоре угостителскиот објект во центарот на Охрид во негова сопственост. Од ОЈО рекоа дека пожарот го подментале две лица, кои на 10 март во раните утрински часови во угостителскиот објект фрлиле запаливо средство. Сторителите не се открија./Алсат.мк