Амбасадорката на САД Анџела Агелер кажа дека на црната листа на САД може да се најдат нови имиња, и дека во моментов повеќе имиња се под проверка, не откривајќи за кои имиња станува збор. Таа во интервју за ТВ Сител рече дека разогварала со Вашингтон, и дека ќе има нови имиња на црната листа, но не може да каже кога ќе се случи тоа.
„Имав разговор со Вашингтон, и на таа листа ќе се надополнува. Во овие случаи се поставува по основ на закони на САД кои нѐ задолжуваат да ги спроведуваме. Тоа е многу силен правен процес, но тој процес е во тек, не сум сигурна кога ќе се случи. Можам само да кажам дека повеќе имиња се под проверка“, изјави Агелер.