Голем хас се случил во кафуле во хрватскиот град Крижевци во август минатата година, покажува пресудата што стигна деновиве, пренесуваат денеска хрватските медиуми.
Хаосот настанал кога малолетничката почнала да крши во популарно кафуле во Крижевци, а откако се’ се вклучила келнерката, нејзината ќерка и сопругот, малолетничката била претепана и завршила во Итна помош.
Според пресудата, Ана (17 години) во август околу 23 часот и 45 минути скршила чаша и пивско шише во кафулето „Кул“ во Крижевци. Келнерката Маријана (49) ја фатила за коса и ја извлекла надвор, а и ќерката на Маријана, 19 годишната Ива.
– Малолетничката ја удрила Ива со тупаница по глава, по што се степале. Малолетнчката ја удрила и келнерката со нога во градите, која паднала на подот каде продолжиле да се караат и да се влечат за коса. Во еден момент сопругот на келнерката, Ненад (40) ја видел пресметка и се вклучил во неа.
Со раце ја фатил малолетничката за врат, ја удрил со телото во ѕид и почнал да ја удира со раце по целото тело. По овој настан малолетничката побарала лекарска помош во Заводот за итна медицина Крижевци каде и биле констатирани полесни телесни повреди, се вели во пресудата.
Малолетничката имала 1,65 промили алкохол
Малолетничката признала дека вечерта испила три пива и алкотестот покажал 1,65 промили. Таа била во кафеана со постариот брат и мајката. Ана вели дека случајно ја скршила чашата и пивското шише, а келнерката ја фатила за коса и ја извлекла. Таму се степале, вели таа.
Келнерката и нејзиниот сопруг негирале дека се степале со малолетничката, но по сите искази и изјави на сведоците, судијата за прекршоци во Крижевци констатирал дека и тие учествувале во нарушување на јавниот ред и мир.
Затоа малолетничката е прогласена за виновна и опомената. Второпријавената, келнерката Маријана треба да плати казна од 100 германски марки, нејзината ќерка Ива 200 марки, а нејзиниот сопруг Ненад 100 марки. Тројцата треба да платат по 200 куни за трошоците на постапката.
Пресудата на судијата за прекршоци во Крижевци е неправосилна и може да се обжали во законски предвидениот рок.