Панчо со изгореници на лицето и рацете е хоспитализиран на Клиниката за пластична хирургија, додека Андреј се уште не е лоциран. Според извори кои се блиски со семејствата на членовите на бендот, има и починати, но не се откриваат повеќе информации.

Според сведочења Андреј последен пат е виден како по втор пат се враќа во дискотеката за да спасува деца по катастрофалниот пожар кој за само неколку минути брзо се прошири. Според првичните информации како што рече министерот Тошковски причината е користење пиротехнички средства како светлосен ефект внатре во објектот.

Последните официјални информации говорат дека во трагичниот пожар што избувна утрово во дискотеката „Пулс“ во Кочани, загинаа 59 лица, додека 155 лица се повредени.

Досега се идентификувани 35 од загинатите, меѓу кои 31 лице од Кочани и 4 од Штип.

Loading...

Loading...