Андријана Петрушовска од Скопје го приреди одличен перформанс пред првиот пресек. Атрактивна дваесет и четиригодишна Македонка настапи како 20-та по ред и изведе сплет на песни од повеќе краишта покажувајќи дека е мајстор во создавање на забавно и музичко шоу.
Андријана, која е единствената финалистка во тимот на Александар Милиќ – Мили за првото претставување во големото финале ги спои песните “Beograd”, “Jel’ Sarajevo gde je nekad bilo” и „Македонско девојче“ со што ги освои симпатиите на целиот регион.