Откако се раздели од сега веќе екс- сопругот Џими Мицевски и стави крај на бракот, Анета „Молика“ или по ново само Љумаковска, не била поактивна, како во медиумите, така и во јавноста.
Празничниот период за Анета е турбо активен со настапи и снимања на новогодишни емисии. Постојано во трка со времето од обврските, но и тоа да се изгледа соодветно за приликата на сцена. Промените кои ги живее периодов од секој аспект се видливи, особено визуелно.
Пишувавме дека тргна во промена на имиџот, а сега она што го забележаа нејзините следбеници на Инстаграм е тоа дека е доста ослабена. Последното издание за кое се појави за снимањето на новогодишна емисија, а сочинето од тесни црни панталони и макси светкаво сако, во фокус дојде нејзината витка линија и тоа дека Анета има повитка става.
Ваквите забелешки ги доби во коментари од селедбениците кои веднаш ја пофалија. Анета неодамна се обрати и преку едно видео од кое ги покани скопјани на 4-ти Јануари на плоштадот „Македонија“ да се забавуваат со убава македонска музика. Таа редовно настапува соло, со колеги од други групи, а паралелно и со „Молика“ за веќе договореното од претходно.
Неодамна ја промовираше и песната со наслов „Жива“, а од она што го дознаваме таа за дочекот на Новата 2024 година по толку работни Нови години, одлучи да остане без ангажман и покрај огромниот број на понуди, ако досега нешта не се смениле.
А еве како изгледаше Анета претходно: