Анѓела Стоиљковиќ (21), девојката која која го управуваше автомобилот кој ноќта саботата кон неделата околу 4 часот утрото излетал од патот во Јужна Морава кај местото Џеп кај Владичин Хан, е осомничена дека сторила кривично дело тешки дела против безбедноста на јавниот сообраќај, а од болница е префрлена во притвор. Во несреќата загинаа две женски лица, Анѓела Миловановиќ (21) и Катарина Петковиќ. (22)

– Сомнежите се дека на 29 јануари годинава во раните утрински часови во месноста Владичин Хан, управувајќи автомобил „голф“ во кој имало тројца патници, ја пробила заштитната метална ограда на мостот и слетала во Јужна Морава. Двајца сопатници во автомобилот на возраст од 21 и 22 години го загубиле животот, додека со полесни повреди се здобиле токму А.С и 20-годишна девојка, се вели во соопштението на полицијата.

По наредба на заменик-обвинителката на Вишото јавно обвинителство Врање, на осомничената и е одредена мерка притвор во траење до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде спроведена во Обвинителството.

Инаку, телото на Катарина Петковиќ, втората жртва, беше пронајдено вчера околу 13 часот во коритото на реката Јужна Морава во близина на местото каде што беше пронајдено првото тело на починатата Анѓела Милановиќ. Во болница е и Кристина Митровиќ.

– Возилото оди на технички преглед, потоа ќе има вештачење од сообраќајна струка. Издадени се наредби за обдукција. Веднаш штом ќе се утврди дека Анѓела и Кристина се способни да дадат изјави, ќе има рочиште по кое ќе знаеме повеќе детали. По сослушувањето ќе се решава точната судбина на девојчињата. Доколку има потреба ќе се прегледуваат и телефони, иако тоа не е пракса кога се во прашање сообраќајните несреќи – велат за „Блиц“ од обвинителството во Врање.

Да потсетиме, во сообраќајната несреќа што се случи околу 4 часот наутро во саботата, во автомобилот имало четири девојки на возраст од 20 до 22 години, сите од Предејане.

Автомобилот се движел од правец на Владичин Хан на главниот пат за Предејане, кога излетал од заштитната ограда на мостот на Јужна Морава и слетал во реката, од висина од околу 20 метри, додека излегувал од тунелот кај Џеп.

Во несреќата загинаа Анѓела Миловановиќ и Катарина Петковиќ од Предејане. Анѓела Стоиљковиќ која го управувала автомобилот и Кристина поминале со повреди на главата и гребаници, тие се надвор од животна опасност и се згрижени во Здравствен дом Врање.

– Девојките се под опсервација и се уште немаме земено изјави. Сообраќајниот вештак го направи вештачењето – се вели за Блиц.

Според првичните резултати, причина за несреќата е неприлагодена брзина на условите и состојбата на патот, односно пребрзо возење. Возилото се движело со брзина од околу 100 километри на час, што е пребрзо за тие услови. Се наведува и дека девојката која возела била под дејство на алкохол.

На подрачјето на Владичин Хан во саботата наутро паѓаше снег, па се претпоставува дека патот бил лизгав.

Според податоците од истрагата, автомобилот удрил во десетина заштитни столбови на оградата пред да ја пробие банкината и оградата и да слета во реката.

Данијела Трајковиќ, виш јавен обвинител вели дека повредените девојчиња се уште не се сослушани бидејќи се следи нивната здравствена состојба.

Како што сега стојат работите, девојката која го возела автомобилот ќе влезе во кривична постапка. Според неофицијални информации, таа имала 0,3 промили алкохол во крвта. Девојката која управувала со возилото имала пробна возачка дозвола и по 23 часот не смеела да го управува возилото.

Во Владичин Хан владее тага, а градот неделата ја прогласи за ден на жалост.