Пред малку до мене пристигна една многу пријатна вест. На анонимната анкета спроведена деновиве во ООУ Киро Глигоров во Капиштец, ЗА иницијативата за задолжително интонирање на химната на Република Македонија во училиштето се изјаснија повеќе од 80% од родителите, објави на социјалните мрежи Драган Ѓурчевски.
– Да потсетиме дека на последната седница на Советот на Општина Центар ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива за ставање точка на дневен ред – Предлог одлука за утврдување обврска за основните училишта во Општина Центар за задолжително интонирање на химната на Република Македонија, а истата не доби поддршка од советниците на СДСМ и советничката група на Шанса за Центар. На кого во Центар му пречи скромниот придонес во подигнувањето на националното чувство и љубовта на децата од Центар кон Република Македонија и поттикнување на младите генерации за искрена почит кон татковината? Полека работите си доаѓаат на свое место, напиша Ѓурчевски.
Пред малку до мене пристигна една многу пријатна вест.
На анонимната анкета спроведена деновиве во ООУ Киро Глигоров…
Posted by Dragan Dacho Gjurchevski on Friday, November 24, 2023