Македонската пејачка Антониа Гиговска во месец јули годинава за прв пат се оствари во улогата на мајка и роди син на кој му го даде необичното име Киан. Таа и нејзиниот партнер музичарот Роберт Спасенцовски за прв пат се остварија во улогата на родители, но освен што пејачката веднаш го сподели новороденчето со јавноста, за нивната брачна хармонија многу ниту самата зборува, ниту пак во јавноста се слуша.
Со оглед на тоа како дојде до нивната спојка, со кого претходно пејачката беше во долга врска и во кави релации беа сегашниот нејзин сопруг и нејзиното бившо момче, Иван, пејачот на „Либеро бенд“, јавноста и тоа како ја заскокотка последната објава на Антониа на нејзините Инстаграм приказни. И не само што ја заскокотка, туку пејачката буквално ја шокираше истата таа јавност откако сподели чудна мисла, која на прво читање асоцира на нешто, што веројатно нималку не е пријатно и никој не го посакува.
Имено, естрадната тазе мајка сподели еден цитат која вели: „Животот е прекраток за да бидете со некого кој не мисли дека сте најдобрата жена на светот“!
Оваа мисла на Инстаграм ја сподели младата пејачка со која најмногу ги вознемири обожавателите, зашто семејството и најблиските ако с краја нешто има, сигурно веќе би биле запознаени. Оттука веднаш тргнаа муабетите, шпекулациите и нагаѓањата од типот: „Дали крајот вака мириса? Дали брачната приказна уште непочната отиде во бестрага?
Многумина се запрашаа што сакаше да порача Антониа со цитатот што го споделила и кому му го наменила? Дали можеби на сопругот или само општо онака, како секоја жена што би сакала да изгледа во очите на својот човек со кого го дели креветот – како најдобра на светот?
Или можеби тазе породената пејачка само онака, од чиста мира, заради забава, непромислено направила „несолена“ шега со која ја распамети јавноста? Што и да е, времето бргу ќе покаже и во јавноста ќе стигне дојава, што ја натера Антониа да сподели ваква „чудна најава“?!