Антониа Гиговска, откако по четири години ја прекина врската со Иван Јованов, вели дека во тој период поминала низ убави и лоши моменти, но сè уште искрено верува во љубовта.

За единствениот естраден магазин „Бекстејџ”, Антониа за прв пат проговоре за крајот на љубовта со Иван, но и за тоа што научила од него. Гиговска, која е еден од нашите најдобри женски вокали, вели дека со пејачот на „Либеро бенд“ е во одлични односи.