ВМРО-ДПМНЕ обезбеди мнозинство од 61 пратеник, дознава Телма.

Информацијата ја потврди Аријанит Хоџа од БЕСА, но за сега не сакаше да соопшти дополнителни информации.

Посочи дека обезбедено е мнозинство за влада без ДУИ.

Малку подоцна дека ново мнозинство во Собранието е обезбедено потврди и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на фејсбук.

– Новата иднина доаѓа, ново време и нова надеж. Не чекаат силни предизвици, свесни и благодарни за поддршката заедно ќе успееме. Македонија ќе успее! Имаме ново парламентарно мнозинство, напиша Мицкоски.

Со своја реакција се јави и лидерот на Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи.

– Зашто бе, сте ги закачале у Желино?, напиша Апасиев.

Инаку, одлуката на ДИК да се прегласува о во општина Желино уште повеќе ја разниша Владата. Движење Беса не се согласуваше со одлуката на ДИК за прегласување, обвинувајќи ја ДУИ дека манипулира со изборниот резултат.