Инцидент во Собрание меѓу лидерот и пратеник на Левица, Димитар Апасиев и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, по што претседателот на Собранието, Африм Гаши беше принуден да даде 10 минути пауза.
Во еден момент следеше жестока размена на зборови меѓу координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски и Апасиев кој од своето пратеничко место му дофрлаше на Мицевски кој беше на собраниската говорница.
Одеднаш околу Апасиев се собраа повеќе пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, по што тој во еден момент фрли со предмет по пратениците од најголемата владеачката партија, објави порталот Локално.мк.
Со цел да се избегне поголем инцидент, Гаши ја прекина седницата и го повика собраниското обезбедување да интервенира.
Ваквиот развој на настаните следеше откако опозициските пратеници почнаа да поставуваат пратенички прашања на денешната седница. ВМРО-ДПМНЕ бараше почитување на Деловникот и поставувања на прашања во рокот од два часа.
-(Апасиев) Мораше да направи инцидент за да биде видлив за граѓаните, рече Мицевски во процедуралното обраќање.