Се стравува дека илјадници луѓе загинале во Либија откако бурата Даниел донесе толку многу дожд во североисточниот дел на земјата што две брани се урнаа во еден регион, вовлекувајќи цели населби во морето.
Последните информации од источниот дел на земјата наведуваат дека над 2.000 луѓе ги загубиле животите, додека уште 10.000 се водат како исчезнати во тешко погодениот град Дерна.
Ахмед Мисмари, портпарол на Либиската национална армија (ЛНА) стационирана на истокот на земјата, објави дека под притисокот на поплавите две брани попуштиле, што резултирало со уривање на три моста. Водата која носела цели населби на крајот ги пренасочила кон морето.
Градот Дерна во источна Либија е прогласен за зона на катастрофа откако Даниел предизвика катастрофални поплави низ областа во текот на ноќта. Многу станбени објекти се уништени покрај бреговите на реката.
Осама Али, шеф на либиската служба за вонредни состојби и итни случаи, изјави за Си-Ен-Ен дека по уривањето на браната „целата вода отишла во областа во близина на Дерна, која е планинска крајбрежна област“. Струите од кал ги однеле домовите во долините, вклучувајќи возила и разни отпадоци. Али, исто така, истакна дека телефонските линии во градот се прекинати, што ги отежнува спасувачките напори и дека работниците не можат да влезат во Дерна поради големото уништување.
The city of Derna in eastern Libya has been declared a disaster zone after Medicane Daniel caused catastrophic flash flooding across the area overnight. Many residential buildings have been destroyed along the riverbanks. I fear we might be facing a mass casualty event. pic.twitter.com/QoVp8vzjpp
— Nahel Belgherze (@WxNB_) September 11, 2023
Али истакна дека надлежните органи биле неподготвени за размерите на катастрофата. Тој ги наведе недостатоците во прогнозирањето на временските услови, несоодветното проучување на нивото на морето и врнежите, како и недостатокот на планови за евакуација на семејствата кои би можеле да бидат погодени од невремето, особено во долините.
„Либија не беше подготвена за таква катастрофална катастрофа и ова е првпат да се соочуваме со таков обем на проблеми“, рече Али за време на интервјуто за каналот Ал Хура.
Libya'daki can pazarı görüntüleri çok kötü, 10.000 insan kayıp deniliyor.
Ey Rabbimiz;
Senin gazabından yine Sana sığınırız..——#Libya Affet Türkiye Antalya Mehmet Şimşek Savcı iPhone 15 Pro Max BAŞÖĞRETMEN ERDOĞAN Bursa Medine Tuzla Belediyesi Kuran Osman Gökçek Şeriat pic.twitter.com/jXrRWE5Kcb
— Deniz BOZDOĞAN (@DenizBozdogan_) September 11, 2023
Мисмари, портпаролот на LNA, истакна дека поплавите зафатија неколку градови, вклучувајќи ги Ал-Бајда, Ал-Марџ, Тобрук, Такенис, Ал-Бајада и Батах, и се проширија по источниот брег до Бенгази.
Либија, земја со шест милиони жители, страда од внатрешен конфликт од 2014 година, кога избија судири меѓу различни фракции по бунтот поддржан од НАТО против Моамер Гадафи во 2011 година. Во земјата има две спротивставени влади: едната се наоѓа во Триполи, на запад, и е предводена од Абдул-Хамид Дбеибех, додека другата има своја база на исток и е поддржана од Калифа Хафтар.
This isn’t war. This is a consequence of choosing war and corruption over nation building.
A video from Derna, Eastern Libya pic.twitter.com/y1NoQhZY24
— Anas El Gomati (@AGomati) September 11, 2023
Лидерот на источната либиска влада, која е поддржана од парламентот, Осама Хамад, ја опиша ситуацијата како „катастрофална и без преседан“.