Денеска претпладне во Велес врнеше силен дожд проследен со град, кој направи проблеми на многу места низ градот.
Невремето со дожд, ветер и ситен град што претпладнево го зафати Велес поплави дел од улиците во градот.
За кратко време беа под вода и улиците кои се без атмосферска канализација, а на снимките кои се споделуваат на социјалните мрежи се гледа како реките од вода кои се слеваат од повисоките делови на градот со себе носат земја и шут.
Поплавен е и реонот околу градскиот пазар.
На снимки на социјалните мрежи се гледаат штетите кои ги направи дождот. На оваа снимка се гледа дека целата кал од ридот, се слева на улиците на тој дел од градот.
🎥
📷
📷
📷
📷
📷
📷