На плажата во одморалиштето Неа Пори во олимписката област во Грција, уапсен е маж поради педофилија.

Таа плажа е многу популарно место за капење и уживање во сонцето, а тука доаѓаат многу семејства со деца, поради што е мета на таков профил на луѓе.

Тоа е плажа која е многу популарна меѓу Македонците. Утврдено е дека човекот цело време ги фотографирал децата и којзнае каде ќе завршеле тие фотографии доколку спасителот не забележал што прави и го спречил во тоа.

Родителите се предупредуваат да обрнат големо внимание на тоа кој е околу нивните деца.