Вчеравечер, жител на Охрид бил уапсен, откако кај него била пронајдена дрога, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„На 01.08.2021 во 22.35 часот од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје и од СВР Охрид во близина угостителски објект лишен е од слобода Б.Р.(41) од Охрид.

При преглед на патничко возило „БМВ“, со охридски регистарски ознаки, во кое бил Б.Р. и при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена прашкаста материја. За настанот е известен Јавен обвинител, а по документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок“, додаваат од МВР.