Првиот вицепремиер, Артан Груби, на видеото објавено на неговиот Фејсбук профил, објави како ги чисти сокаците во Старата скопска чаршија.

Тој напиша дека џамиите во Скопје се дезинфицираат во пресрет на Курбан Бајрам.

„Вечерва заедно со општинските работници за хигиена ги чистиме, дезинфицираме и подготвуваме џамиите во Скопје во пресрет на Курбан Бајрам“, напиша Груби на Фејсбук.