Кларенс Сидорф е еден од оние играчи од средниот ред што ја одбележаа транзицијата меѓу два века, а и на 47 години покажува дека класата е вечна.
Легендарниот Холанѓанец, кого го паметиме од Ајакс, Реал Мадрид, Интер и Милан, за време на хуманитарен натпревар во Лондон потсети на времето кога доминираше на терените ширум Европа.
На натпреварот за Украина кој се играше на лондонски Стемфорд Бриџ, Сидорф ја прими топката во 41. минута во дресот на Тим Шевченко, се ослободи со прекрасен дриблинг од Роберт Пирес и потоа испрати вистинска „бомба“ во далечниот агол. Јенс Леман, чуварот на мрежата на Ти Тим Зинченко, со парадата само го разубави погодокот.
Натпреварот заврши со резултат 2:2. Головите за тимот на Олександар Зинченко ги постигнаа Марк Нобл и Даријо Срна, а вториот гол за тимот на Андриј Шевченко беше дело на Вилијам Галас.
WHAT A GOAL BY CLARENCE SEEDORF! 🙌
Rolling back the years ✨
🇺🇦 #Game4Ukraine 🇺🇦 pic.twitter.com/SyZT07jQQA
— Sky Sports Football (@SkyFootball) August 5, 2023