Вчера во доцните вечерни часови на подрачјето на Виена се случила страшна сообраќајна несреќа во која загинал Србин (32) кој во моментот на несреќата бил на совозачкото седиште, а возачот и уште едно лице од автомобилот на смртта избегалe од местото на настанот.

По пристигнувањето на местото на настанот, пожарникарите биле принудени да го извлечат човекот преку покривот на уништеното „ауди“, но веќе било доцна. Екипата за итна помош можела само да констатира смрт на маж чиј идентитет тогаш не бил познат, со оглед дека кај него на лице место не биле пронајдени лични документи, пишува „Хејте“.

Набрзо, со понатамошни истражувања, се испостави дека се работи за триесет и двегодишен Србин, но состојбата на другите две лица со кои бил се уште не е позната.

Возачот и уште еден сопатник од аудито го оставиле мажот во автомобилот и побегнале пеш во непознат правец. По нив се уште се трага, а несреќниот Србин починал од повредите, додаваат оттаму.

Како што јавуваат виенските медиуми, до несреќата дошло поради преголема брзина, по што автомобилот со сета сила удрил во преградата. Возачот на кобното Ауди се движел со 150 километри на час, а екипа од пожарникари и полиција пронашла само остатоци од возилото и тело на маж.

Инаку, се работи за изнајмен автомобил, па се уште не е утврден идентитетот на возачот и се трага по него, како и по третиот маж. Полицијата се уште работи на случајот, по што ќе има повеќе информации.