Нермин Сулејмановиќ, троен убиец од Градачац, си пукал во глава зад воланот на БМВ, како што може да се види на фотографијата која во попладнево ја објави босански „Аваз“.

Додека на социјалните мрежи се шират теории на заговор дека лудиот троен убиец од Градачац е жив и дека наводно побегнал во Италија, Аваз објави фотографија која потврдува дека Сулејмановиќ се самоубил кобниот ден, опкружен од полиција.

На фотографијата се гледа дека Сулејмановиќ се самоубил во БМВ паркирано пред фарма во Доња Леденица.

Аваз претходно објави дека никој не сака да го земе неговото тело од мртовечницата во Тузла, па ни неговиот татко, па не се знае кога ќе биде погребан.

ФОТО: ДНЕВНИ АВАЗ

Нермин Сулејмановиќ, да потсетиме, во петокот ја уби својата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ и таткото и синот Џенгиз и Денис Ондер. Тој на Инстаграм го емитуваше бруталното убиство на сопругата на Низама.