Канцеларијата на главниот обвинител и раководството на Управата за полиција при МВР на кантонот Тузла денеска одржаа итен состанок на кој се разговараше за постапувањето на институциите во врска со пријавата за кривично дело семејно насилство во врска со случајот Низама Хеќимовиќ, која пред три дена беше убиена од Нермин Сулејмановиќ, а се беше пренесувано во живо на Инстаграм.

Сулејмановиќ уби вкупно три лица, рани тројца, а потоа по повеќечасовна потрага се самоуби. Но, сега се утврдува кој од припадниците на МВР го известил Сулејмановиќ каде се крие Низама Хеќимовиќ, која била кај нејзината тетка… и каква улога во целата приказна имала Џенана Селимовиќ, полицајката на ПУ Градачац.

Шпекулациите кои се појавија вчера, утрово, како што дознаваат босанските медиуми, дефинитивно се отстранети. „Аваз“ неофицијално потврдува дека тројниот убиец Сулејмановиќ бил во врска со полицајката Селимовиќ, која е осомничена дека му дала информации од истрагата и наводно ја пријавила локацијата каде се кријат Низама и нејзината ќерка.

На Селимовиќ, која е надвор од границите на БиХ, поточно на летен одмор во Италија, сега ѝ се заканува суспензија и дисциплинска постапка бидејќи била во врска со криминално лице. Се чека нејзината изјава. Имено, Сулејмановиќ е осуден за различни кривични дела, меѓу другото, пред околу 15 години е осуден за обид за убиство, за што Селимовиќ знаела.

– Има повеќе пресуди за насилничко однесување и загрозување на сигурноста, имал пријави за семејно насилство, се работи за лице со повеќекратни пресуди – соопштија претходно од Обвинителството ТК.

Таа знаела сè – Селимовиќ како полицајка била во врска со него, но сега се истражува нејзината улога во овој случај. Како што дознава „Аваз“, полицијата и Обвинителството истражуваат уште еден полицаец, кој исто така имал контакти со Сулејмановиќ.