Вработен во фабриката „Текстил Солушн“, Полико Авдиу, кој е шивач во компанијата, истакна дека претходно 18 години работел во Германија, а пред осум години се вработил во „Текстил Солушн“ каде, како што кажа, наишол на исти услови како во Германија.
-Ги гледам младите викаат одиме во Германија ама и животот таму не е како што мислиме ние. Јас сум задоволен тука. Минималната плата од 18 илјади мислам дека не е многу, ама за еден скромен живот ќе помогне. Мислам дека и понатаму ќе растат платите ако работиме повеќе, рече Авдиу.