Според амбасадорот на Авганистан во Бугарија, чие седиште ја покрива и Македонија, Мохамад Саифи, моментот за повлекување на меѓународниот контингент од неговата земја не бил соодветен, а заминувањето на претседателот Ашраф Гани создаде вакуум во моќта.
Приливот на бегалци кон Бугарија и воопшто на Балканот ќе се зголеми, смета тој, но тие повеќе нема да бидат економски, туку политички мигранти.
“Се надеваме дека нема да се вратиме во тие времиња, пред 20 години. Ќе дадеме се од себе, се уште сме живи, се бориме. Младите Авганистанци не сакаат да се вратат назад. Особено жените и младите девојки не сакаат бурки, тие не сакаат да седат затворени во своите домови. Ние веќе не сме луѓето што бевме пред 20 години, ние веќе знаеме што е демократија, што е слобода, никој, ниту Талибанците, ниту некој, нема да не вратат назад.
Но, јас сум убеден дека по овој момент, по вчерашниот ден, ќе има милиони, милиони наши политички и хуманитарни бегалци на Запад, Бугарија и целиот свет. За жал.
Бугарија има висок авторитет во Источна Европа. Особено со создавањето на проектот „Три мориња“, вашата земја има многу висок авторитет. Затоа сакаме Бугарија да создаде совет за заштита на интересите на нашиот народ. Нашиот народ не сака леб, не сака кислород, сака само слобода. Слобода без војна “, рече Саифи во интервјуто за БНТ.