На 01.01.2022 во 04.00 часот во СВР Скопје Н.М.(27) од Р.Австрија пријавил дека во 00.30 во зграда во близина на хотел на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање со две женски лица, едно машко лице физички го нападнало и му одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.01.2021 во 01.30 часот било пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на Аеродром, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу А.Т.(22), од една страна и А.П.(18) и Ѓ.П.(22), од друга страна, сите од Скопје. Сочинети биле записници за константиран прекршок по чл.11 од ЗППЈРМ.