Четворица Срби се повредени денеска во сообраќајна несреќа кога автомобил „шевролет“ излетал од автопатот „Пријателство“.
Несреќата се случила околу 1 часот и 40 минути, на автопатот А1, помеѓу Гевгелија и граничниот премин Богородица.
Во незгодата со повреди се здобила сопатничката К.С.Ј. (38), додека потешко повредени се М.С. (61), и П.Ј. (36). Повреден е и возачот на „шевролетот“ З.С. (65).
Како што е утврдено при преглед на патниците, сите повредени во сообраќајната несреќа се од Србија.