СРБИЈА – На магистралниот пат Краљево-Рашка, кај градот Брвеник, околу 22.30 часот се случила сообраќајна несреќа во која автомобилот слетал во реката Ибар.
Засега не се знае дали возачот бил сам во возилото.
На местото на настанот е испратена спасувачка и нуркачка екипа на МВР, како и пет пожарникари-спасувачи од Рашка и Краљево со три возила.
Екипите во моментов работат на извлекување на автомобилот и потрага по патници.