“Брате мој, не ми се верува дека не’ остави. Немам зборови што да кажам. Почивај во мир, беше ангел, никогаш никого не си навредил или повредил, ништо…”, се само дел од потресните пораки посветени на Александар Н.(30) кој во неделата вечерта загина во сообраќајна несреќа во Параќин, кога по судир со друго возило удрил во столбови, по што автомобилот што го управувал преполовил.
На социјалните мрежи членови на семејството и пријателите на загинатиот Александар објавуваат потресни пораки. Неутешни и згмечени од болка, тие ги испраќаат последните поздрави до својот Александар.
Александар починал на лице место, додека тројца патници се тешко повредени, а овој човек непосредно пред несреќата на социјалните мрежи објавил видеа на кои се гледа алкохол и дека прави забава.
Се сомничи дека Александар Н. возел со голема брзина кога наеднаш изгубил контрола над автомобилот, кој потоа се судрил со друго возило. Очигледно бил под дејство на алкохол.
Лекарите од итната помош, кои за неколку минути биле на местото на несреќата, се обиделе да му помогнат на Александар Н., но тој набрзо починал од повредите.
– Неговите сопатници со тешки повреди се префрлени во локална болница каде лекарите се борат за нивниот живот – додава соговорникот.
Истрагата за оваа несреќа е во тек. Причинета е и голема материјална штета.