Две лица загинаа, а три се тешко повредени во страшната сообраќајна несреќа што се случи вечерва кај Брезово Поље, на магистралниот пат Бјелина-Брчко во БиХ.
Како што можете да видите на фотографиите, автомобилот бил целосно смачкан, а некои од тркалата му отпаднале.
Портпаролот на Здравствениот дом Брчко, Сеад Шадиќ, изјави дека повредените се пренесени во хирургијата на болницата Брчко.
Срна неофицијално дознава дека автомобилот од засега неутврдени причини излетал од патот и удрил во бандера, а до несреќата најверојатно дошло поради несоодветна брзина .
Припадниците на окружната полиција Брчко вршат увид на местото на несреќата.
Сообраќајот на таа делница е затворен, а возилата се пренасочуваат во алтернативен правец.