Таткото и сопругата на киднапираниот Самоил Костадиновски со емотивни сведоштва се огласија за Канал 5 телевизија. По момчето кое е внук на Љубе Бошковски, се трага веќе 10 дена. Две лица се во притвор, но од Самоил ниту трага, ниту глас.

Неговата сопруга низ солзи вели дека се моли да го пронајдат жив и дека живее во страв како ќе ги расте децата без татко. Таа и Самоил веќе имаат едно дете, а сега е бремена и со второто.

– На 3 март се губи трагата на нашиот Самоил. Индициите покажуваат дека станува збор за киднапирање, а не исчезнување. Загрижена сум за мојот сопруг. Автомобилот со кој е извршено киднапирањето е пронајден запален во Драчево. Полицијата кажа дека во притвор се две лица, вели сопругата.

Велат дека ниту пиел, ниту користел дрога. Бил спортист кој освојувал награди. За причината за киднапирањето немаат информација, но таткото изјави сомнеж дека во прашање се пари.