Српските медиуми јавуваат дека околу 14 часот на југозападот на Србија, на патот Златибор – Ужице, се случила тешка сообраќајна несреќа.

Во судирот учествувале камион миксер и автомобил, кој бил целосно уништен.

Според неофицијални информации едно лице починало, јавува Блиц. Според фотографиите објавени на социјалните мрежи, се гледаат детски работи расфрлани на патот, додека камионот завршил покрај патот.

Станува збор за автомобил марка ФИАТ ПУНТО со ужички регистерски таблички управуван од жена, јавува Курир.рс.

Бетонската мешалка ја пробила оградата и излетала од коловозот, а возачот на камонот, како што дознаваат српските медиуми, е приведен.