Според американски официјални лица, Москва регрутира Сиријци вешти во урбаните борби за да се борат во Украина, бидејќи руската инвазија е подготвена да се прошири подлабоко во градовите.

Американската проценка покажува дека Русија, која оперира во Сирија од 2015 година, во последните денови регрутирала борци од таму, надевајќи се дека нивната експертиза во урбаната борба може да помогне да се заземе Киев и да и нанесе разурнувачки удар на владата на Украина. Овој потег укажува на потенцијална ескалација на борбите во Украина, велат експертите.

Москва изврши инвазија на 24 февруари, а овие денови регрутира лица од Сирија, надевајќи се дека со нивна помош, ќе се заземе Киев, појаснуваат четири извори на американскиот весник.

Русија во 2015 година се приклучи во сириската граѓанска војна, на страната на режимот на претседателот Башар ал Асад.

Според еден од изворите, дел од борците се веќе во Русија и се подготвуваат за во Украина. Не е познато колку лица се регрутирани, а изворите не даваат повеќе детали.