Според неофицијални информации, неколкумесечно бебе е тешко повредено кога на Звездара во Белград при пренесување испаднало од седиштето во автомобилот и со главата удрило во бетонот.

На детето му била укажана лекарска помош на Клиниката за неврохирургија каде му биле констатирани тешки физички повреди .

Поради тежината на повредите, бебето е задржано на понатамошно лекување и е под будното око на лекарите.

Истрагата ја води Првото основно јавно обвинителство во Белград.