За многумина името Кристијан Танасе нема да значи многу, но тој е поранешен 37-годишен фудбалер со многу солидна кариера.

Заработил милиони во кариерата, но животниот пат го водел до се’, освен до добри работи. За кратко време остана без сопругата, парите и пријателите.

Тој беше во брак со Романката Адина Марија, но парот се разведе откако добија ќерка. Поранешниот фудбалер паднал на пороци, постојано пиел алкохол, а еднаш полицијата на рутинска контрола го тестирала на дрога и бил позитивен на кокаин.

Поранешната сопруга не му дозволува да ја види ќерката, ниту пак неговата мајка, која и е баба. За се проговори и мајката на фудбалерот со кој Танасе денеска живее откако го загуби богатството.

„Јас, Танесе ЕЦ, како баба по татко на малото девојче, бев активно вклучена во нејзината грижа, како онаа која ја спроведуваше потребната рутина за нега на бебето во првите недели од животот, се грижеше додека нејзините родители беа далеку од дома и постојано давав пари за нејзината нега.

Нагласувам дека сумите пари што ги даваше нејзиниот татко месечно претставуваа главен извор на приход на семејството кое го сочинуваат Танасе Кристијан, Танасе Марија Адина и нивната ќерка.

Еднаш Танасе беше фотографиран без заби во ходникот на зградата, подоцна се правдаше дека морал да го извади забот затоа што се нишал, но вистинската причина никогаш не се откри, иако имаше многу шпекулации.

Денеска нема приходи и живее во стан со мајка му.