Утринава на 46-годишна возраст почина Бојан Воркапиќ, филмски и телевизиски режисер.
Тој беше човек со исклучителен ентузијазам, образование и професионалец во работата.
Остави белег во различни формати: со посебен пиетет во Радио Белград режираше радио драми: Корвус Коракс, Глуво доба…
За работата на радиото како млад режисер е награден со наградата „Витомир Богиќ“.
Реализирал бројни телевизиски проекти во редакцијата на еколошката програма, едукативната училишна програма, детската програма, редакцијата на информативната програма: Митологија на белградските фасади, Читална, Траг шоу, Право на сутра.
Филмската кариера беше уште пред него, а веќе имаше оставено свој белег на филмовите „Супа од канаринци“, Бранка, „Стигна Гого“, „Свети краљ Јован Владимир“ и други.
Автор е на збирката раскази Здивот на прашината.
Беше исклучителен човек и колега, посветен на својата работа и беше задоволство да се работи со него.