Жителите на Чачак денеска се погодени од тажна вест. Нивниот сограѓанин Стефан Средовиќ во Белорусија ја загуби животната битка. Овој дваесет и осумгодишен млад човек обедини многумина во борбата за своето ново срце, но во таа борба не издржа.

– Ви благодариме на сите за помошта и се што направивте за него – објавено е на страницата на Инстаграм „За новото срце на Стефан “.

Стефан боледуваше од дилатациона кардиомиопатија, а поради влошување на состојбата му била потребна итна операција и трансплантација на срце. За тие трошоци се собрани над 100.000 евра.

Младиот Стефан бил вреден студент на Вишата медицинска школа во Краљево, а јавноста поблиску го запознала како примерен млад човек кој заедно со своите пријатели од населбата Атеница заработувал џепарлак правејќи куќички за кучиња.