Поранешниот премиер на Литванија Гендиминас Киркилас почина на 72-годишна возраст. Вчера (20.04) тој бил пронајден мртов во својот дом, без траги на насилство, јавуваат литванските медиуми кои се повикуваат на информации од полицијата.

Литванската премиерка Ингрида Симоните му оддаде почит на Киркилас, подвлекувајќи дека тој е „моќна фигура“ која активно учествувала во политичкиот живот на земјата – која е членка на Европската унија и НАТО – од нејзината независност во 1991 година.

Роден во Вилнус во 1951 година, Гедиминас Киркилас беше министер за одбрана на Литванија од 2004 до 2006 година, а во следните две години (2006-2008) беше на чело на социјалдемократската влада.

„Неговото премиерство, во првите години по влезот на земјата во ЕУ и НАТО, беше важен тест за нашата западна ориентација, кој го поминавме“, истакна литванскиот претседател Гитанас Наусенда.

„Гендиминас Киркилас беше интелигентен, угледен, прозападен политичар кој неуморно работеше за доброто на Литванија“, додаде тој.