62 годишен скопјанец роден во Македонија со идентитет и матичен број за три ипол месеци ќе остане без никакви важечки документи.
По закажувањето на термин за нови документи заминал за замена на нови документи во полиција и дознал дека неговото семејство го одјавиле од адресата на живеење. И дека не може да извади документи ако нема адреса на живеење. Во претходните документи тој ја имал адресата но по разводот со неговата сопруга тој заминал од домот каде останале поранешната сопруга и децата.
Скопјанецот сакаше да остане анонимен, но барајќи ја правдата неделниот ден го помина во Канал 5. Раскажувајќи ја маката и проблемот верувајќи дека ќе најде решение за неговиот проблем. Тој не знае како како прв наследник на имотот од неговиот татко некоја институција го избришала целосно од правото на имот.
Според законот за вадење на лична карта предвидува дека доколку граѓанинот го промени живеалиштето или податоците од личната карта во тој случај мора во рок од 15 дена да побараат менување на живеалиштето и издавање нова лична карта, а притоа е потребно граѓанинот да приложи документ со кој ја докажува промената. Во случај ако лицетот е бездомник земањето податоци за биометриските карактеристики за бездомникот се врши во присуство на службено лице од центарот за социјални работи. За бездомник се смета граѓанин кој нема место и адреса на живеење и средства со кои би можел да ја задоволи потребата од домување. Проблемот со нашиот соговорник е дека без документи ќе го изгуби и работното место.