Матеј Периш (27) од Сплит исчезнал во Белград ноќта меѓу 30 и 31 декември. Неговите пријатели го пријавиле како исчезнат и оттогаш се трага по него.

Се појавија непотврдени снимки на кои се гледа дека Матеј сам влегол во реката Сава, а потоа продолжил да плива. Наводно, на се’ му претходело неговото дезориентирано трчање низ централните улици на Белград, кое траело повеќе од еден час.

Шест другари кои со Матеј дошле во Белград од Хрватска, биле тестирани на полиграф и го поминале испитувањето. После тоа се вратиле во Хрватска.

Потрагата непрекинато се одвива веќе 4 дена, досега се пронајдени предмети за кои постои сомневање дека му припаѓаат на исчезнатиот млад човек: патика и отпушок од цигара.

Безбедносниот експерт Ратомир Антоновиќ зборуваше за сите детали од истрагата во емисијата „Усијање“ на телевизија Курир.

– Поминав неколку часа. Од Бранковиот мост до Газела се претежно нуркачката екипа и полицијата. Пристигнаа и специјални уреди со сонар. Сава е многу брза овде, има ногу наноси од дрвја и отпад. Водата овде е многу брза и секое пребарување е исклучително тешко. Цел ден се пребаруваше овој потег, вели тој.

Пријателите на Матеј го пријавиле неговото исчезнување дури на 31 декември 2021 година.

– Многу е чудно што се чекало толку време за да се пријави исчезнувањето. Колку побрзо се пријави исчезнување, толку е поголема веројатноста лицето да биде пронајдено. Се надевам дека наскоро ќе се знае каде е Матеј и дека ќе го најдеме жив. Меатеј ноќта кога исчезнал имал бели патики, а неговите пријатели велат дека имал црни. Тие погрешно ја насочиле истрагата и не го пријавиле навреме исчезнувањето. Како некој што се занимава со безбедност, има многу коинциденции. Ова се алармантни факти. Тоа може да значи вмешаност на неговите пријатели во исчезнувањето. Не велам дека можеби не се случило Матеј да се пресоблече, но навреме не го пријавиле неговото исчезнување, објаснил Антоновиќ.

Матеј 60 минути трчал крајно дезориентирано, во еден момент сплиќанецот неуспешно се обиде да влезе во такси. Антоновиќ вели дека од прегледаните снимки може да се заклучи дека Матеј трчал од страв или паника.

– Мене ми делува како да е во страв или паника. Под агонија се обидуваше да влезе во такси, имаме впечаток дека некој го брка кога ги гледаме овие снимки. Цело време беше во друштво на своите пријатели. Можеби дошол во конфликт со пријателите. Тој дури не ја земал ни јакната од клубот „Готик“. Не губам надеж дека се уште е жив, вели Антоновиќ.