Полицајката од Градачац, Џенана Селимовиќ е суспендирана поради контакти со тројниот убиец Нермин Сулејмановиќ.

Полицијата има докази (фотографии) дека суспендираната полицајка Селимовиќ имала контакти со други криминални лица, не само со Сулејмановиќ. Таа има објавено и фотографии со некои од нив на Инстаграм.

Таа не се дружела само со убиецот Сулејмановиќ, туку и со други лица од криминалното милје, како што е извесен Садан М.

Потсетуваме, истрагата е во тек дали Селимовиќ му открила на Нермин Сулејмановиќ каде се крие Низама, која подоцна брутално ја убил.