Тешка сообраќајка се случи во Италија, каде по сообраќајна несреќа загина 17-годишен Албанец, јавуваат италијанските и медиумите на албански јазик. Малолетникот загина откако со мотор се забил во ѕид во Биено, во близима Валкамоника.

Ален Карабоја, момче со албанско потекло од родители Албанци, но роден во Валкамоника, загина откако удрил со својот мотор во бетонски ѕид. Со него, на истиот мотоцикл како сопатник, бил и една година помлад пријател, со мароканско потекло, кој е повреден и пренесен во болницата во Бергамо.

Според истрагите извршени од сообраќајната полиција, момчето кое било на роденден со другарите изгубило контрола.

Со возило на брза помош бил пренесен во Граѓанската болница во Бреша, каде што набргу потоа починал. 17-годишникот пристигнал со Итната медицинска помош во многу тешка состојба.

17 годишниот Ален Карабоја

Во моментот на несреќата носел кацига, но повредите на главата сепак биле фатални.