На социјалните мрежи се појавија снимки од разнесувањето на мостовите, што се објаснува со обидот на Украинците да го забават руското напредување.
It is reported that the Armed Forces of Ukraine blew up the bridge to prevent the Russian contingent from moving across the Oskol River in the village of Senkovo, Kharkiv region. pic.twitter.com/AKCgTlpjN5
— The RAGE X (@theragex) February 24, 2022
Има информации и дека пушки се делат на цивили со цел да се спротивстават на руската армија.
Советникот на украинскиот претседател Олексиј Арестович прво изјави дека украинската армија го контролира аеродромот Хостомел кај Киев, а потоа се поправи и рече дека борбата за аеродромот се уште трае.
Да потсетиме, медиумите претходно објавија дека Русите го освоиле аеродромот со хеликоптерски десант, во кој учествувале елитни единици. Очигледно, Украинците сега тргнале во контранапад и се обидуваат да ги уништат руските сили на таа стратешки исклучително важна локација.