Фејсбук групата „Бабам Битола“ објави фотографија од девојката која вчера загина во тешка сообраќајна несреќа која се случи во Грција. Станува збор за 29 -годишна Мартина Н. од Битола родена 1995 година.

„Мартина, чупе златно, мир да си најдиш. Им посакуваме побрзо закрепнување на останатите три битолчанки“, објави „Бабам Битола“.

Министерството за надворешни работи информираше дека Генералниот конзулат на Северна Македонија во Солун е на располагање за помош на семејствата на загинатата и повредените македонски државјани од тешката сообраќајка на влезот во Солун.

-Информираме дека во текот на денешниот ден, во 12 часот (локално време), на Автопатот Егнатиа, во Република Грција, се случила тешка сообраќајна несреќа, во која за жал, М.Н. (1995), државјанка на Република Северна Македонија го изгуби животот. Претставниците на Генералниот конзулат на Северна Македонија во Солун, кои од времето на настанатата трагедија беа во контакт со блиски на жртвата, остануваат на располагање за асистенција во врска со преносот на останките на починатата во земјата, информираат од МНР и додаваат:

-Воедно, информираме дека засегнати се и три наши државјанки, сопатници на починатата, А.К (2000) и М.Р (2000), кои добиле тешки повреди и И.Ј (1999) која не е повредена, при што две се хоспитализирани. Генералниот конзулат останува во постојана комуникација со надлежните институции и на располагање на повредените наши државјанки и нивните семејства при евентуална потреба за помош, до нивното враќање дома.

Причините за несреќата се уште се утврдуваат.