Маж од Западна Австралија е обвинет за повеќе од 400 сексуални престапи врз деца.

47-годишниот жител на Перт е обвинет, меѓу другото, за 240 случаи на малтретирање на дете до 13 години, 98 за несоодветно снимање на дете до 13 години и 44 сексуални пенетрации кај дете до 13 години, објави вчера полицијата.

Полицијата покренала истрага по дојава во јули минатата година. Ја пребарале куќата и работното место на 47-годишниот и пронашла околу 3,8 милиони несоодветни фотографии и видеа, пишува CNN.

Полицијата соопштила дека идентификувала 24 момчиња и девојчиња кои биле сексуално злоставувани од мажот во периодот од 2015 до 2021 година.

„Ова е една од најзначајните истраги за злоупотреба на деца спроведена во Западна Австралија во однос на пронајдениот материјал и бројот на жртвите“, рече детективот Хамиш Мекензи.

9 News наведува дека малтретираните деца биле на возраст од 3 до 13 години. Полицијата верува дека мажот стигнувал до жртвите преку семејството и пријателите.