Филмот за животот на покојниот пејачка Томислав (Тома) Здравковиќ ги полни кината во претходните недели, а синоќа имаше телевизиска премиера на РТС, но и во Македонија на државната МРТ. Иако јавноста во Србија и воопшто на Балканот е претежно воодушевена од филмот, човекот кој индиректно е вклучен во филмот и чиј лик се појавува во него, Радмило Арменулиќ е разочаран од она што го видел.

Поранешниот тенисер смета дека „Тома“ е тотален неуспех и дека филмот нема никаква врска со вистината.

– Не го гледав Тома во кино. Слушнав разни критики и врз основа на тоа можам да кажам дека е тотален неуспех. Деловите за мојата покојна сопруга се неточни. Тој дел во кој јас и Силвана сме претставени не е прикажан на вистински начин, истакна Радмило, пренесуваат српските медиуми.

Потоа го споменува режисерот Драган Бјелогрлиќ, кој не го контактирал за овој филм. Како што рече понатаму, романсата меѓу Тома Здравковиќ и Силвана била измислена.

– Да ме поканеше Бјелогрлиќ, ќе му дадов веродостојни снимки на кои се гледа дека Силвана била среќна и секогаш насмеана жена, а не тажна и несреќна. Имаше црна коса, не беше русокоса. Да не зборуваме за заљубувањето и нивната измислена врска, изјавил Арменулиќ за српски Курир.

– Промаши Бјелогрлиќ. Во моментот кога се венчавме двајцата имав бедна плата, а во филмот бев претставен како богат. Не знам што точно би рекол, но тоа што го слушам не соодветствува со вистината – објасни Арменулиќ.

Арменулиќ потврди дека добил покана за премиерата, но не се појавил од безбедносни причини.

– Поради моменталната епидемиолошка ситуација не можев да дојдам на премиерата – изјави поранешнниот тенисер.

Тој беше прашан и за реакцијата на неговата ќерка Гордана, за тоа како нејзината мајка е претставена во филмот.

– Таа не ми кажа ништо. Силвана беше грижлива мајка, а како сопруга и пријателка беше нежна, грижлива и благодарна, изјави Арменулиќ.

Радмило и Силвана

Радмило и Силвана се венчаа на 26 октомври 1961 година, без знаење на нивните родители. Откако се венчале во општината, отишле во кафаната „Видин капија“, а потоа Радмило ја однел сопругата во станот на родителите. Дотогаш ја криел бидејќи се плашел дека родителите нема да ја прифатат кафеанската пејачка за снаа.

Но, тие само му замериле што сето тоа им го крие, што не им ја претставил порано.

Првите години од бракот на Силвана изгледале како од бајка. Во 1964 година ја добија ќерката Гордана. Исто така, на Силвана и било исклучително важно што сопругот не ја замолил да престане да пее во пабови.

Пејачката загина на 10 октомври 1976 година во сообраќајна несреќа на автопатот Белград-Ниш, кај Колари, додека се враќала од концерт во Александровац. Со неа тогаш починале и нејзината сестра Мирјана Барјактаревиќ и виолинистот Раде Јашаревиќ.

Како се случила страшната сообраќајка?

Приказната за Силвана, 45 години подоцна, е повторно актуелна преку филмот посветен на пејачот Тома Здравковиќ, во која се загатнува дека двајцата биле во љубовна врска и дека Тома бил вљубен во неа.

На социјалните мрежи по повод нејзината смрт се појави стара фотографија од стравичната несреќа на која се гледа дека автомобилот во кој се возела пејачката и нејзините сестри и колега е целосно смачкан. Силвана имаше 37 години кога згасна нејзиниот живот. Автомобилот удрил во камион.

Според реконструкцијата на несреќата, на прав пат “фордот“ се движел со брзина од околу 150 км/час и наеднаш почнал да преминува во левата, спротивна лента од коловозот и се судрил со камион. При несреќата десната страна од фордот е целосна смачкана.

„Се враќаше од Александровац и во еден момент ја заболела главата. Пеела таму во една кафеана и удрила со глава во некој шилец, па со Миодраг Јашаревиќ се сменила во Колари и тој возел. Дали паднал во дијабетна кома или заспал, што точно се случило не се знае уште. Тој инаку не возеше брзо, но во таква состојба стиснал на гасот и директно удриле во камион. На местото загинаа тој, Силвана, нејзината сестра Мирјана која беше бремена, раскажа Арменулиќ во една прилика.